Пред 13. години бил спасен од племе на канибали, сега се вратил да се соочи со нив!

 
 

Шестгодишно момче кого канибалистичко племе го осудило на смрт бидејќи мислеле дека е вештер, откако родителите му починале, се вратил во џунглата за да повторно се обедини со луѓето кои планирале да го изедат.

Вава Шамонгаи пораснал во племето Короваи во западна Папуа, каде мештаните веруваат дека духовите се виновни за тоа кога некое лице ќе умре ненадејно. Кланот традиционално лови лице за кое верува дека е виновно за неочекуваната смрт, пред да го убијат и изедат поради сомнение за злосторстово.


Кога родителите на Вава починале во 2006. година верувале дека тоа е затоа што тој е вештер и почнале да ја планираат неговата свирепа смрт. Но, Корнелиус Сембиринг, бивш водач во регионот за австралискиот Канал 7, слушнал за неговиот случај и го спасил детето одведувајќи го во својот дом на Суматра, пред 13 години.

Вава сега има 20. години и сеуште живее со Сембринг и неговото семејство – благодарен за втората шанса во животот. Студентот на науки сега се вратил во своето бившо племе велејќид ека сака на луѓето да им каже дека не треба да се убиваат и јадат еден со друг, пренесува Daily Mail.

Вава минатата недела отишол во џунглата со своите браќа Вилхемус, Деви и Лепин, а повторната средба со племето била поемотивна отколку што очекувал. Побожниот христијанин се ракувал со водачот на племето пред да го прегрнат роднините.

Вава кој не говори англиски средбата го преплавила со емоции. Се расплакал кога Сембиринг говорел за него. Но, и покрај срдечното добредојде, Вава на крај се соочил со своето семејство Короваи околу она што се случило со неговиот вујко кој е убиен поради афера со жена на друг маж.


„Требаше да разговараме и дискутираме на убав начин за да дојдеме до решение. Зошто убивате? Немаме ли решение како разговор со други луѓе или разговор со водачите на општеството“, прашал.

Сакал неговото племе да научи поинаков начин на живот бидејќи членовите моментачно „се слаби и подложни да ги преземе друга група“, рекол. Вујковците на Вава биле возбудени со неговиот говор и рекле дека сакаат момчето да стане водач на племето – далеку од она што со него можело да се случи кога бил дете.

Родителите на Вава починале кога тој бил млад што ги навело селаните да веруваат дека тој е лош дух. Иако се вратил на местото кое единствено го викал дом, сеуште се сеќава на многу вистински закани со кои таму се соочил.

„Да останев во селото тоа би било ризик“, рекол. Вели дека племето верува дека неговиот брат Деви е исто така некој вид волшебник и му се заканува слична судбина. Сакал со себе да го одведе помладиот брат, но овојпат не успеал.

Кажано му е дека Деви ќе биде сигурен доколку се придржува на условите на своето прогонство. И покрај се, Вава има големи надежи во својот бивш дом. Селото го напуштил во солзи но ветил дека ќе се врати…

(697)

Вашиот коментар