Како главен осомничен за предизвикување на пожарите во Грција, е уапсен 65-годишен маж, објавија грчки медиуми.
Приведениот, чиј идентитет не е откриен, е жител на град во северниот дел на Атика, а според неговите соседи, тој и во минатото палел смет и суви гранки.
Пред обвинителството веќе сведочеле девет лица кои него го сметаат за одговорен за пожарите.
Осомничениот наводно палел трева и суви гранки на ридот над местото Пентели, но искрите брзо ја зафатиле и другата вегетација. Поради високите температури и силните ветрови, пожарот брзо се проширил и добил огромни размери.
(33)