Пронајдени повеќе од 2.000 зачувани фетуси на имотот на починат доктор

 
 

Повеќе од 2.000 зачувани фетални остатоци се пронајдени на имот чиј сопственик е доктор за абортус, починат на почетокот на овој месец во Индијана, САД. Д-р Улрих Клофер починал на 13 септември, а неговото семејство ги пронашло остатоците кога дошле на неговиот имот во рурална Индијана. Откако виделе за што сттанува збор се јавиле во полиција за да обезбедат соодветно отстранување на фетусите.

Службите кратко потоа пристигнале на имотот, а семејниот адвокат ги насочил кон дел на имотот каде што се наоѓале „2.226 медицински сочувани остатоци од фетуси“, се вели во соопштението на полицијата.

a man standing in front of a brick building: Ulrich Klopfer

Клофер управувал здравствена установа за жени во Јужен Бенд во која била опфатена и клиника за абортус. Според локалните медиуми, неговата лиценца за бавење со медицина на двапати била суспендирана, еднаш во 2015 и еднаш на 6 месеци во 2016, поради негрижа за пациенти.

Медиумите додаваат и дека Клофер е „најверојатно докторот за абортуси со најмногу извршени потфати во Индијана во историјата, кариера која се брои во повеќе децении со десетици илјади процедури во повеќе сојузни држави“.

Според полициското соопштение, нема докази дека се водени какви било медицински процедури или експерименти на имотот. Властите не откриваат точно како биле сочувани фетусите или дали Клофер имал дозвола од мајките да ги земе примероците. Неговото семејство целосно соработува со истрагата.

(305)

Вашиот коментар