Русинка осомниченa дека изела 30 луѓе

Русинката Наталија Бакшејева (43), која можеби убила 30 луѓе, е обвинета дека го поттикнувала нејзиниот сопруг да ја убие келнерката која флертувала со него. Ако биде осудена, и се заканува казна од 15 години затвор.

Нејзиниот сопруг Дмитриј Бакшејев (35), наречен Ѓавол, страда од туберкулоза, па затоа судот подоцна ќе се занимава со неговата вмешаност во грозоморно убиство и канибализам, според инспекторите.

View image on Twitter
Во куќата на оваа двојка во Краснодар полицијата пронајде колекција на „обарени” и замрзнати човечки остатоци, за кои се претпоставува дека припаѓаат на нивната „последната жртва”, 35-годишната келнерка, и најмалку една стаклена тегла, со укиселени човечки остатоци и 19 парчиња кожа.

Како што соопшти Истражниот комитет на Руската Федерација, Бакшејева во напад на љубомора го натерала поводливиот и слаб маж да ја убие келнерката, што тој и го сторил.

Истрагата покажа дека Баксејев го распарчал телото и се сликал со екстремитетите, од кои некои донеле дома и ги ставиле во замрзнувачот.

 
 

Инспекторите велат дека сè уште не е потврдена улогата на Наталија Бакшејева во други убиства и канибализам иако медиумите минатата година, повикувајќи се на полициски извори, објавија дека „признала” дека за 18 години изеле најмалку 30 луѓе.

(236)

  
 

Вашиот коментар