Русин на својата ќерка ѝ кренал бизарна надгробна плоча: Работникот на гробиштата мислел дека халуцинира кога ја видел оваа глетка

 
 

На гробиштата во рускиот град Уфа минувачите забележале еден бизарен надгробен споменик, кренат за Рита Шамијева која настрадала во 2016. година во сообраќајна несреќа.

Имено, споменикот има облик на iPhone. Го нарачал таткото на Рита, Раис. Освен информациите дека сакала да патува и дека имала пријатели во Германија, се друго за покојничката е мистерија.

На предната страна од споменикот со висина од 1,5 метри изграден од базалт стои ликот на загинатото девојче во природна големина, додека од другата страна има камера, како и логото на “iPhone”.

Работникот на гробиштата, Николај Јавдокимов, изјавил дека помислил дека халуцинира кога го видел споменикот.

“Од каде се појави американски паметен телефон на нашите гробишта? Толку е голем, јас сум изненаден. Сум видел многу споменици, но ова не”, рекол тој.

Кој го направил овој бизарен споменик не е познато, но постои сомнение на една компанија од Новосибирск, која веќе имала слични изработки.

View image on Twitter
View image on Twitter
View image on Twitter

(2906)

Вашиот коментар