Руската православна црква ја осудила одлуката на Вселенската патријаршија со седиште во Истанбул, водечката институција на православното христијанство, бидејќи испратила двајца претставници во Украина и тоа го нарекла чекор кон прогласување на автокефалност на тамошната црква.
Најголемата православна црква денеска испратила соопштение во кое навела дека ќе преземе акции за одмазда.
Во соопштението не е потенцирано за што точно станува збор.
(30)