САД го тужат Сноуден за заработката од неговата новообјавена книга

 
 

Администрацијата на Трамп во вторникот поднесе граѓанска тужба за да ги придобие приходите од продажбата на новата книга од Едвард Сноуден, тврдејќи дека истакнатиот “свиркач“ ги прекршил договорите за необјавување што ги потпишал за време на неговото работење во американските разузнавачки служби.

Од Министерството за правда се соопштува дека Сноуден, поранешен вработен во ЦИА и изведувач во НСА, кој се стекна со “озлогласеност“ откако во 2013 година направи ‘ршум јавно истакнувајќи класифицирани досиеја на медиумите, не се придржувал до прописите за бившите вработени во овие агенции, односно пропуштил да ги праша агенциите да ја разгледаат и одобрат содржината на неговите мемоари, „Постојан рекорд“, пред да се објават оваа недела.

Edward Snowden wearing glasses and smiling at the camera: 0916-ctm-snowdenqa-full-1934286-640x360.jpg

Владата на САД не пропушти да го вклучи и издавачот на Сноуден во тужбата „за да се осигура дека нема да има средства кои ќе се префрлаат на Сноуден, или во негова насока, додека судот ги решава обвинувањата на САД“.

Судската постапка покрената овој вторник го претставува последното поглавје од жестоката правна борба меѓу Сноуден, кој живее во Русија откако побара прибежиште таму во 2013 година, и републичките и демократските администрации на владата на САД, кои го обвинуваат дека ја загрозил националната безбедност преку неговите протекувања на информации до новинарите. Во 2013 година, Министерството за правда го обвини Сноуден за кршење на законот за шпионажа, тврдејќи дека тој открил класифицирани информации.

Сноуден на оваа тужба бргу реагираше, споделувајќи линк за да си ја купите книгата на Твитер.

SAN FRANCISCO, CALIFORNIA - SEPTEMBER 17: Newly released "Permanent Record" by Edward Snowden is displayed on a shelf at Books Inc. on September 17, 2019 in San Francisco, California. The U.S. Justice Department has filed suit against Snowden, a former Central Intelligence Agency employee and contractor for the National Security Agency, alleging the book violates non-disclosure agreements.  (Photo by Justin Sullivan/Getty Images)

Во ексклузивното ТВ интервју за ЦБС во понеделникот, поранешниот подизведувач на НСА изјави дека би бил спремен да се врати во САД доколку му се вети фер судење.

Бен Визнер, адвокат на Сноуден и претседател на Американската унија за граѓански слободи, рече дека книгата „не содржи никакви тајни за владата, кои претходно не биле веќе објавени од новинските агенции“.

(14)

Вашиот коментар