САД нема да бараат одговорност од изолираното племе кое усмрти американски мисионер

 
 

Џон Ален Чау (26) бил убиен од дожд од стрели во ноември по истоварувањето на далечниот остров за да го рашири словото на Исус Христос

View this post on Instagram

A post shared by John Chau (@johnachau) on

Северно-Сентинеловото племе во Индија, кое застрелало христијански мисионер во напад со лакови и стрели, нема да биде гонето од САД.

Жителот на Алабама, Џон Ален Чау, наводно имал намера да ги преобрати жителите на забранетиот остров во Индискиот Океан во христијанство, но бил убиен од страна на насилното изолирано племе уште кога се обидел да им се представи.

Сем Браунбек, амбасадор за верска слобода, потврди дека САД нема да го бараат судско гонење на заштитеното племе, кое живее најверојатно на едно од најизолираните места во светот.

“Владата на САД не побара или не изврши никакви санкции што индиската влада ќе ги преземе против племенскиот народ во овој случај”, рече тој. “Тоа не е нешто што го побаравме или сме го предложилме. Тоа е трагична ситуација и трагичен случај, но тоа не е нешто што е побарано”.

In the wake of the 2004 tsunami, this member of the Sentinelese tribe was photographed firing arrows at a helicopter. (Indian Coastguard/Survival International - Representational purposes only)

Во меѓувреме, д-р Патрик Ча, таткото на Џон, го обвини “екстремното христијанство за неговата смрт, велејќи дека влијанието на евангелистите го турнало неговиот син во овој “страшен крај”.

Чау им пишал на своите родители во едно од неговите последни писма: “Можеби мислите дека сум луд во сето ова, но мислам дека е вредно да го проповедам Исус на овие луѓе. Ве молам, не бидете лути на нив или на Бога, ако ме убијат. Наместо тоа, ве молам, живејте ги своите животи во благосостојба кон она што тој ви нуди и ќе ве видам повторно кога ќе поминете низ превезот”.

Островот Северен Сентинел е мал остров во Бенгалскиот Залив со големината колку островот Менхетен во Њујорк. И покрај тоа што е дел од архипелагот Андамани и Никобар, тој е под јурисдикција на Индија.

Според претходните извештаи, 26-годишниот мисионер ги поткупил локалните рибари да го пренесат на островот и покрај неговиот забранет статус. Индиската влада има објавено забрана за посета на островот со цел да го заштити домородното население од денешните болести, против кои жителите на изолираното племе немаат одбрана.

The Sentinelese stand guard on an island beach. (Courtesy: Christian Caron for Survival International - Representational purposes only)

“Survival International”, невладина која се бори за правата на домородните племиња, го бранеше изборот на Сентинелите да бидат оставени на мира. “Тие [Сентинелите] енергично ги отфрлаат сите контакти со надворешни лица”, се вели во соопштението. “Од витално значење е да се почитува нивната желба да останат неконтактни – ако не, целото племе може да биде избришано од болести на кои немаат имунитет. Контактот наметнат врз другите племиња на архипелагот Андамани имал катастрофално влијание” по локалните племиња.

Островот Северниот Сентинел е дом на околу 150 луѓе, кои се значително заштитени од нивното племе и насилно ги избегнуваат сите контакти со надворешниот свет со децении. Во 2004 година, Сентинелите беа фатени на филм како фрлаат стрели кон хеликоптер, кој се обиде да ги погледне од близу. Две години подоцна, во 2008 година, двајца рибари беа убиени откако нивниот брод случајно се закотвил на брегот на изолираниот остров.

(926)

Вашиот коментар