Сакал да има секс со автомобил, па пенисот му заглавил во ауспухот: Полицијата морала да реагира со електрошок

 
 

Дечко од американската сојузна држава Канзас е осуден на една година условна затворска казна поради обид да има секс со автомобил.

24-годишниот Рајан Скот Малек се изјајсни за виновен за развратно однесување во јавност кое што се случило на 1-ви мај оваа година и може да се каже дека звучи прилично неверојатно.

Од локалната полиција за тамошните медиуми откриле дека Малек бил преплашен за време на инцидентот, а исто така имал и зголемено ниво на алкохол во крвта. Очигледно бил совладан од нагонот да има секс со автомобилот, па полицајците морале да интервенираат со електрошок за да можат да го „ослободат“ од ауспухот и да го пренесат во болница.

Како што пренесуваат американските медиуми, Рајан Скот Малек бил осуден на една година условна затворска казна и морал да плати 200 долари.

Инаку, тој од претходно ѝ бил познат на полицијата, а во февруари исто така бил уапсен поради тежок вооружен напад и употреба на ладно оружје.

(110)

Вашиот коментар