Се случува: Две калуѓерки од мисионерско патување се вратиле бремени

 
 

Католичката црква отвори истрага откако две калуѓерки од мисија во Африка се вратиле бремени.

Обете се со африканско потекло, а се припаднички на два различни реда на Сицилија. Едната од нив е дури и раководителка на манастирот. Обете биле испратени во своите родни земји за да се занимаваат со мисионерска работа, пренесува италијанската агенција АНСА.

Едната има 34 години, а се открило дека е бремена откако била испратена на ултразвучен преглед оти се жалела на болки во стомакот. Другата, на непозната возраст, по потекло од Мадагаскар, е бремена веќе неколку недели па се вратила дома.

-Изгледа дека двете жени за време на престојот во родните земји имале сексуални односи. Отворена е истрага. Обете ги прекришија строгите правила за невиност, но благостостојбата на нивните деца е најважна, изјави за Сан извор од црквата во Рим.

Тој додаде дека е најверојатно оти двете жени ќе мораат да го напуштат животот во манастир.

(163)

Вашиот коментар