Сите вработени во ресторанот дале отказ и на гостите им оставиле брутална порака за шефовите

 
 

Гладните гости во ресторанот за брза храна „ Circleville’s Sonic“ во американската држава Охајо, наместо добредојде од вработените, затекнале порака на влезната врата.

Се чини дека сите вработени во ист момент дале отказ и едноставно ги напуштиле своите работни места, а своите причини за тоа им ги објасниле на гостите во порака.

„Предупредување! Поради лошата управа, сите дадоа отказ. Компанијата им е продадена на луѓе на кои не им е грижа за ништо освен за нив самите. Се извинуваме поради непријатностите, но нашиот тим одбива да работи за компанија која своите вработени ги третира како ѓубре откако се вложија во овој ресторан. Предолго и премногу работевме. Сега сите сакаме подобри работи“ – стои во пораката која брзо се проширила низ социјалните мрежи.

Локалните медиуми пренеле дека слично нешто се случило и во подружниците во двата соседни града. Исто така навеле дека новите сопственици им ја намалиле платата на само четири долари на час.

Ланецот на ресторани, под новата управа, на купувачите им ветува “подобрена услуга и одлична храна по која рестораните се познати“.

„Во преминот на новата управа платите не се намалени на ниту едно ниво“ – изјавил нивниот портпарол за локалните медиуми.

View image on Twitter

(160)

Вашиот коментар