Сметката за водењето на Гвантанамо – 13 милиони по затвореник

 
 

Држењето на нацистичкиот воен злосторник Рудолф Хес како осамен затвореник во германскиот затвор Спандау во 1985 година, чинело околу 1,5 милиони американски долари во денешни долари. Сметката по затвореник во 2012 година во „супермакс“ затворот во Колорадо, дом на некои од најозогласените затвореници во САД, изнесувала само 78,000 американски долари.

Арно ама, постои и заливот Гвантанамо, каде што сега трошоците достигнуваат околу 13 милиони американски долари за секој од 40-те затвореници што се држат таму моментално.

a person standing next to a window: A communal cellblock for some of the 40 prisoners who are detained at Guantánamo Bay.

Трошоците од 13 милиони американски долари по затвореник речиси сигурно го прават Гвантанамо најскапата програма за притвор во светот. Скоро 18 години се поминати откако администрацијата на Џорџ Буш набрзина го спреми како станица за држење на непријателски борци заробени во војната против тероризмот и најверојатно ќе продолжи да функционира и да таложи трошоци далеку и во иднина.

Поради релативната изолирана локација на американската поморска база која се наоѓа на југоисточниот брег на Куба, војската таму распределува околу 1.800 војници, или по скромни 45 за секој затвореник таму. Војниците работат од три затворски згради, два главни центри, најмалку три клиники и две крила каде затворениците се консултираат со нивните адвокати.

Чуварите на затворот имаат своја капела и кино, куќи за престој, две трпезарии и тим од работници за одржување на менталното здравје, кои нудат кучиња за конфор и слични други програми. Судии, адвокати, новинари и работници се носат и враќаат од кампот на неделна основа.

a group of people walking down a street: Judges, lawyers, journalists and support workers are flown in and out on weekly shuttles.

40-те затвореници колку што има сега кампот, сите мажи, добиваат халал храна, пристап до сателитски вести и спортски канали, опрема за тренинг и PlayStation. Оние кои се однесуваат добро – а тоа се мнозинството со години наназад, добиваат време за заеднички оброци и можат да се молат во групи, а некои од нив можат да посетуваат часови по уметност и хортикултура.

Проценетата годишна цена од 540 милиони американски долари го опфаќа 12-месечниот период што заврши минатиот 30-ти септември и не вклучува трошоци што останаале класифицирани, најверојатно вклучително и континуирано присуство на Ц.И.А..

a large white building: In 2018, Congress approved spending $115 million on a dormitory-style barracks complex to house 848 of the trailer park troops.

Инаку, Гвантанамо со текот на годините има “добредојдено“ вкупно  770 странски мажи и момчиња како воени затвореници во различни периоди, при што популацијата на затворот достигнува 677 притвореници во 2003 година. Последниот затвореник што пристигна е во 2008 година.

(224)

Вашиот коментар