Сопственик морал да го затвори ресторанот во Њујорк затоа што сите 26 вработени му дале отказ во исто време

 
 

Гастропаб бил присилен да затвори откако сите 26 вработени дале отказ во исто време како одмазда поради низа долготрајни несогласувања со сопственикот.

Таквиот потег се случил овој месец кога сите вработени во „The Shop“ во Трој, Њујорк му врачиле отказно писмо на сопственикот Кевин Блодгет.

Според весникот Тајм Јунион, вработените на поранешниот шеф со креда на табла му напишале порака да биде подобар.

Несогласувањата настанале поради нколку прашања, односно пред се поради платите. На почетокот на јуни фирмата за обработка на платите нагло престанала со работа, па банката со која соработувала автоматски ги повлекла исплатите кои веќе биле пратени на сметка на вработените.

Според Тајм Јунион, фијаското оставило неколку вработени со „минимално или негативно салдо“, што предизвикало значајни неволји, но Блогдет никогаш не се појавил во ресторанот ниту комуницирал директно со вработените.

Наместо тоа, наводно со порака преку менаџерот Џаред Бартон им давал на вработените упати за во банка.

-Ни покажа дека е неспособен да води група на луѓе, рекол Бартон за новинарите.

Мотото на ресторанот е „напорно работете и останете скромни“, иако неколку вработени рекле дека шефот ретко се појавувал во ресторанот и покрај тоа што живеел во станот над ресторанот.

Ситуацијата ескалирала минатиот месец кога неколку вработени откриле дека им се намалени платите и почнале да бараат нова работа. Освен тоа, им ги кажале на другите своите планови, а последната расправија ја прелеала чашата.

-Гледав како неговото однесување не деградира до точка во која едноставно не беше присутен во работата, а кога беше, беше насилен, посбено кон Џаред и Рич – изјавил поранешниот службеник Џош Џејмс за Тајм Јунион.

Блодгет ги негирал тврдењата дека бил насилен.

-Јасно им давав до знаење дека може да дадат отказ ако не им се допаѓа – рекол тој.

(26)

Вашиот коментар