Страшна нуклеарка која може да стигне до САД за 30 минути, откриена на парадата во Кина

 
 

Страшно нуклеарно оружје, кое наводно е способно да достигне до САД во рок од 30 минути е откриено на воената парада на Денот на Кина.

Нуклеарката „Донгфенг-41“ беше забележана зад претседателот Кси Џинпинг додека неговиот автомобил возеше низ парадата во центарот на Пекинг, при инспекцијата на низа војници и вооружување.

Ракетата, наводно патува со 7.600 милји на час и има опсег до 15.000 километри, повеќе од која било друга нуклеарна ракета во светот.

a green truck is driving down the road: The weapon is reportedly capable of hitting the US within 30 minutes

Исто така, се вели дека оружјето може да носи и до 10 одделни боеви глави, кои можат да погодат различни цели.

Активистот за нуклеарно разоружување Џон Халам ја опиша ракетата како „оружје за крај на светот“.

Инаку, Кина славеше седум децении на владеење на Комунистичката партија вчера со масовно прикажување на својата воена моќ.

Slide 1 of 20: Chinese President Xi Jinping delivers a speech at a dinner marking the 70th anniversary of the founding of the People's Republic of China at the Great Hall of the People in Beijing, Monday, Sept. 30, 2019. Xi on Monday renewed his government's commitment to allowing Hong Kong to manage its own affairs amid continuing anti-government protests in the semi-autonomous Chinese territory.

Претседателот Џинпинг во својот говор вети мирен развој, но рече дека вооружените сили ќе го бранат кинескиот суверенитет. Настанот е најважниот во земјата во текот на годината, бидејќи Кина има за цел да проектира слика на доверба во соочување со предизвиците во иднина.

Кинеските власти имаат проблеми со тоа како да одговорат на скоро четиримесечните антивладини протести во Хонг Конг, додека во исто време се занимаваат и со трговската војна со САД.

Лидерот додаде и дека војската на земјата треба одлучно да го заштити суверенитетот на Кина, безбедноста и развојот на интересите и цврсто да го поддржува светскиот мир.

a truck driving down a street next to a car: President Xi Jinping appeared in front of the nuclear weapon at the China Day parade

„Ниту една сила не може да го затресе статусот на Кина или да ги спречи кинескиот народ и нација да маршираат напред“, додаде тој.

Кина мора да одржи траен просперитет и стабилност во Хонг Конг и Макао, да промовира мирен развој на односите со самоуправуваниот Тајван и „да продолжи да се залага за целосно обединување на татковината“, додаде тој.

a view of a city: A huge military rally took place in Beijing

Мао Цедонг го прогласи основањето на Народна Република Кина на вчерашниот ден во 1949 година.

(305)

Вашиот коментар