Судски преседан во светот– Австралиец осуден зашто ја терал сопругата да се самоубие

 
 

Австралиски државјанин е осуден на 10 години затвор , зашто ја терал сопругата да се самоубие , што е прв ваков случај во светот.

68 – годишниот Греам Морант бил клучен за неговата сопруга да си го одземе животот во 2014. Тој ја мотивирал жената да си го одземе животот , за да го земе животното осигурување.

,, Ја советувал жената да се самоубие за да и ги земе 1,4 милиони долари од животното осигурување.” изјави врховниот судија во Квинсленд, Питер Дејвис.

Ова е прв пат во светот некој да биде осуден зашто го поттикнувал на самоубиство , рече судијата.

Морант , инаку е побожен христијанин , кој сакал парите да ги вложи за помош на верската заедница. Во текот на судскиот процес тој не покажал ни малку жал за сопругата , што било пресудно да добие десет години затворска казна.

(83)

Вашиот коментар