Танзанија формираше анти-геј група со цел да ги лови ЛГБТ лицата

 
 

Танзаниската геј заедница живее во страв откако гувернерот на Дар ес Салам, најнаселениот град во Танзанија, ги повика граѓаните да пријавуваат геј луѓе и најавија дека анти-геј групата ќе ги лови геј луѓето и преку социјалните мрежи, јави РТ.

Гувернерот Пол Маконда формирањето на анти-геј групата од 17 членови ја објави на овонеделната прес-конференција, со ветување дека групата ќе ги фати членовите на ЛГБТ заедницата.

„Овие хомосексуалци цветаат на социјалните мрежи“, рече Маконда.

„Дајте ми ги нивните имиња“, рече тој.

Маконда тврди дека до вторник дошле 5.763 пријави од граѓани и дека се собрани повеќе од 100 имиња.

Танзанискиот закон од 1998 година пропишува дека хомосексуалноста е нелегална и казнива до 30 години затвор.

Уште побизарно е дека во Танзанија применуваат принудни анални прегледи, според кои, тврдат тие можат да ја откријат хомосексуалноста.

(28)

Вашиот коментар