Турски научник открил зошто луѓето заболуваат од рак – веднаш го нападнале и пробале да ја сокријат вистината

 
 

Тој минатата година ги соопштил резултатите од научната студија која ја спроведувал од 2011-та до 2015-та година за турското Министерство за здравство.

Турскиот научник Булент Сик осуден е на 15 месеци затвор затоа што ја открил врската помеѓу токсичното загадување на западот од Турција и опасноста од заболување на рак и како што навел судот, открил “доверливи информации“.

Сик минатата година ги соопштил резултатите од научната студија според кои утврдено е дека загаденото земјиште, водата и храната го зголемуваат ризикот од заболување на рак во неколку турски провинции на запад.

BirGün Gazetesi

@BirGun_Gazetesi

Kanser raporunu kamuoyuna açıkladığı için yargılanan Gıda Mühendisi Bülent Şık, 1 yıl 3 ay hapis cezasına çarptırıldı!http://bit.ly/2nrQqLG 

View image on Twitter
1,053 people are talking about this

Научникот напишал неколку колумни на таа тема за списанието „Џумхуриет“ бидејќи видел дека не се преземаат никакви мерки во врска со тоа.

Сик изјавил дека студиите јасно укажуваат дека ресурсите за вода се токсични.

„Судската одлука покажува дека можат да се сокријат резултатите од една студија која директно се однесува на јавното здравје. Тоа е неприфатливо“ – изјавил тој.

(850)

Вашиот коментар