Туѓ фетиш, твои пари: Секоја година е побогата за 100.000 фунти продавајќи носени чорапи и обувки?

 
 

Рокси Сикес тврди дека заработува околу 100.000 фунти годишно, продавајќи ги своите носени и валкани чорапи по пат на интернет.

Сикес на ваков чекор се решила откако добила многу комплименти за нејзините стопала, и отворила профил на „Инстаграм“, и во моментов ја следат околу 50.000 лица. Потоа одлучила да продава своите обувки и чорапи по пат на социјалните мрежи.

„Колегите секогаш ми велеа дека имам преубави стопала и ме наговорија да направам профил на Инстаграм поради нив. Прво не ми паѓаше на памет да продавам обувки и чорапи. Но, сфатив дека можам да дојдам до профит. Моите стопала се одличен извор на заработка“, рекла Сикес.

За чевли и некако може да се разбере, ама за носени чорапи…навистина неверојатно.

(167)

Вашиот коментар