Убиецот на сопругот на Цеца ќе биде екстрадиран во Србија од Африка

Судот во Јужна Африка донесе одлука да го екстрадира 44 годишниот Добросав Гавриќ, убиец на Жељко Ражњатовиќ – Аркан.

Гавриќ, кој е припадник на српското подземје,  во Србија е осуден на 35 години затвор за убиството на Аркан, сопругот на фолк пејачката Цеца Ражњатовиќ. Тој во Јужноафричката Република е веќе седум години во притвор, каде се крие од припадниците на српската мафија, кои ги ликвидираат сите што се поврзани со убиството на Аркан.

Уставниот суд во Кејп Таун ја одбил неговата жалба, соопштуваат српските медиуми. Тој барал политички азил во ЈАР, што не му било одобрено, бидејќи не бил осуден како политички злосторник, туку за убиство.

Србија уште во 2011 поднела барање во оваа африканска држава за екстрадиција, откако во 2006 Гавриќ беше осуден на 35 години затвор, како првоосимничен за убиството на Аркан и уште две лица во хотелот Интерконтинентал во Белград во 2000 година.

 
 

До сега шестмина осудени за убиството на Аркан, кои се кријат во Јужна Африка, каде се занимаваат со продажба на злато и дијаманти, се убиени.

Наводно убиствата ги нарачува шефот на чешката мафија, а извршители се српски припадници на подземјето. Полицијата во ЈАР за сега не уапсила ниеден од сторителите на осумте убиства.

(591)

  
 

Вашиот коментар