Циркуска акробатка падна од висина од 9 метри и удри на подот пред публиката на шоуто Winter Wonderland во Хајд Парк во Лондон.
Џеки-Луис Армстронг најверојатно не се фатила добро за елементите за време на нејзината акробатска точка и падна пред очите на публиката во која имало и деца.
Членовите на циркуската трупа веднаш се стрчале да ѝ помогнат и акробатката е пренесена во болница.
„Глетката беше ужасна, таа врескаше од болка, беше многу трауматично кога тресна од подот. По минута-две имаше соопштение на разглас да си заминеме“, изјави очевидец.

„Засега не можеме да ви дадеме повеќе информации за нејзината здравствена состојба“, рече тој.
Публиката била замолена да си замине од салата и на гледачите им биле понудени влезници за следното шоу.
(244)