Умрела 4 дена по свадбата: Сопругот не престанал да ја тера на секс иако обилно крвавела

 
 

Апелациониот суд во Косово го врати на почеток судењето за смртта на Антигона Морина, која почина четири дена по свадбата со Хилми Зена. Случајот за несреќата што се случи ноќта помеѓу 27 и 28 јули 2011 година и ден денес ја бранува косовската јавност.

Како што се вели во обвинението, по првата свадбена ноќ Антигона почнала обилно да крвари, но Хилми продолжил да ја тера на секс и наредните денови, иако била во тешка состојба, а обилното крварење не престанало.


Претходно, Основниот суд во Ѓаковица го осуди Зена на две години затвор, но по жалбата на семејството на загинатата Антигона, случајот повторно ќе се најде во суд.

Нејзиниот татко Бислим Морина за приштинските медиуми вели дека ја омажил ќерка си како кралица, а Хилми ја убил.

Три дена и три ноќи имаше секс со неа додека таа крвареше и не ја однесе на доктор. Сам го призна тоа пред судот, вели Морина.

Семејството на обвинетиот, пак, вели дека ништо лошо не направил.

Се знае кој е виновникот. Виновни се нејзините родители кои не ја одвеле на доктор поради проблемите што ги имала. Поминав две и пол години во Австрија и работев за да го оженам брат ми. Свадбата ме кошташе 24 илјади евра. И после се случи ова, вели братот на Химли.

Сепак, во август годинава Зена е уапсен на приштинскиот аеродром и одлежува двегодишна затворска казна за семејно насилство.

(4658)

Вашиот коментар