Фатен руски канибал: Пријателите прво ги опивал со вотка, па ги парчосувал и јадел

 
 

Руската полиција уапсила човек кој е осомнилен за канибализам, откако претходно биле откриени три делумно изедени тела на три жртви на убиства.

Телата се пронајдени во градот Архангелск, заедно со делови од тела на кучиња, мачки и на птици.

Се претпоставува дека 51-годишниот маж, чиј идентитет не се соопштува, со нож ги убил тројцата пријатели откако тие претходно ги заспивал, веројатно откако ги опивал со вотка.

Рускиот Истражен комитет смета дека канибалот прво им ги распарчувал телата, па јадел нивни делови, а остатокот го фрлал во блиската река. Убиствата се случиле од март 2016 до март 2017 година. По убиствата, обвнинетиот живеел во стан на една од неговите жртви, а родителите на покојниот ги убедувал дека синот им заминал на работа во друг град.

    (454)

    Вашиот коментар