Холанѓанец чувал шест браќа и сестри под земја и го чекал „крајот на светот“

 
 

Семејство во северна Холандија девет години живеело во подрум „чекајќи го крајот на светот“, пренесуваат локалните медиуми.

Маж на возраст од 58 години под земја криел шест браќа и сестри на возраст од 18 до 25 години.

Биле најдени откако еден од нив побегнал и успеал да викне помош.

Холандскиот јавен сервис RTV објави дека семејството девет години се криело под земја бидејќи мажот ги убедил сите дека доаѓа крајот на светот.

Уште не е познато дали мажот е таткото на децата.

Најстариот брат кој успеал да побегне влегол во еден локален паб, нарачал пет пива, ги испил и потоа побарал помош.

„Поразговарав со него, ми кажа дека побегнал и дека му е потрбна помош, Потоа викнавме полиција“, рече сопственикот на пабот.

„Имаше долга коса, валкана брада, носеше стара облека и изгледаше збунето. Рече дека никогаш не одел во училиште, дека има браќа и сестри кои живеат на фармата, дека тој е најстариот и дека сака да стави крај на начинот на кој живеат.“

Полицијата веднаш извршила претрес и пребарување на имотот и зад плакарот во дневната соба нашле скали што воделе во подземните простории во кои живеело семејството.

Фармата што се наоѓа во близина на Рајнерволд, место од 3.000 луѓе, е скриена зад шумата, со мала бавча и една коза.

Еден од соседите за медиумите изјави дека гледал само еден човек таму и дека порано имало повеќе животни.

Локалниот поштар тврди дека во изминативе години таму не доставил ниту едно писмо.

Мајката на децата наводно починала одамна. Истрагата е во тек за да се утврди што точно се случило, колку време децата биле под земја и каква е нивната психофизичка состојба.

(52)

Вашиот коментар