Целодневна авантура со пиво на воз

 
 

Можеби воопшто не помислувате на возење со воз додека го планирате вашиот одмор. Но, железницата Дуранго и Силвертон ќе ве убеди дека ова е голема грешка.

Неколку пати, секоја година, возот-пивница Дуранго вози низ Колорадо, а најдоброто е тоа што е полн со пиво. Автентичната парна локомотива од 1920-тите го започнува патувањето во Дуранго и минува низ неверојатните пејзажи на реката Анимас. Во меѓувреме произведувачите на пиво минуваат низ вагоните и ви нудат пиво.

„Пивниците се навистина дарежливи кога ви ги полнат чашите“, изјавил Кристијан Робинс, маркетинг директор на линијата.

Воз организира целодневна авантура со пиво

Во текот на возењето ќе доживеете многу повеќе од само вкусување одлично пиво.

„Започнуваме во Дуранго како и секое обично возење со воз. По пат ќе видите многу неверојатни места. Пејзажите се прекрасни, а ќе погледнете и од врвот на карпа со висина од 150 метри.“

Воз организира целодневна авантура со пиво

„По некое време возот застанува сред шума и овде излегуваат сите патници. Во близина нема ништо освен нашата пруга. Овде ќе ве пречекаат храна и музика.“

Па, сред патувањето ќе добиете ручек, жива музика, и се разбира, уште пиво. Бидејќи ќе бидете во Колорадо, можете да ги посетите и другите локални пивници кои се многу на број.

Оваа година патувањето ќе започне на 29-ти септември и ќе го има само еднаш. Обично има две патувања во два викенда од септември. Па, ако периодов сте во близина на Колорадо, немојте да го испуштите овој неверојатен настан.

(36)

Вашиот коментар