Човек фрлил салфетка после јадење, полицијата го апси за убиство во 1993 година

 
 

Еден човек е обвинет за убиство кое било извршено пред 26 години откако полицијата ја зела неговата ДНК од салфетка што ја искористил за да се избрише откако јадел хот дог.

Според извештаите, полицијата го уапсила Џери Вестро минатата недела откако ДНК лабораторијата ја анализирала салфетката и го поврзала бизнисменот со убиството на 35-годишната Жан Ен Дејвис, уште во 1993 година.

52-годишниот бизнисмен од Исанти, Минесота, ги негирал сите обвиненија и е ослободен со кауција од 1 милион американски долари.

Телото на девојката било пронајдено од сосед кој забележал дека од нејзиниот стан истекува вода.

Кога полицијата пристигнала на местото на настанот, Жан Ен, која претходно работела како проститутка, лежела на подот со видливи прободни рани по телото.

Полицијата тогаш земала примероци на ДНК од креветот и од неколку крпи и пешкири од тоалетот.

Детективите го ре-отвориле овој застарен случај уште во 2015 година, работејќи заедно со Бирото за судска медицина.

Три години подоцна тие се консултирале со експерти на ФБИ и приватна ДНК компанија која откри двајца можни сторители на делото.

Според Минеаполис Трибјун, еден од нив бил Вестром, кој живеел во близина на времето на убиството, а во 2016 година бил обвинет за барање на секс со тинејџер.

Officers analysed DNA from a hot dog napkin Westrom threw in the bin. Credit: PA

Минатиот месец полицијата го следела на хокеарски меч, каде што осомничениот јадел ход дог, по што си ја избришал устата со салфетка која подоцна ја фрлил во една од кантите за отпадоци. Детективите веднаш реагирале и ја обезбедиле истата по што ја испратиле на ДНК анализа.

Таткото на три деца бил уапсен во неговата канцеларија минатиот понеделник.

(198)

Вашиот коментар