Шпански готвач пронајде печурка тешка 68 килограми

 
 

Шпански готвач ја пронајде најголемата печурка во светот, тешка неверојатни 68 килограми и има потенцијал да влезе во Гинисовата книга на светски рекорди.

Примерокот од печурката Meripilus giganteus бил пронајден во градот Санта Луција де Гордон во провинцијата Леон, во централниот регион на Шпанија.

Според извештаите на локалните медиуми, готвачот Серхио Мартинез Валдор ја забележал огромната печурка додека одел на прошетка во блиската шума. Неколку дена подоцна, Мартинез Валедор решил да ја соберe, но му била потребна помош од неколку пријатели.

„Ја најдов случајно, не барав печурки“, рече тој.

Готвачот и неговите неколку пријатели ја поделиле печурката на два дела и потоа ја влечеле кон своето возило, пренесува „Дејли Мејл“.

Готвачот рече дека оваа печурка не може да се готви бидејќи е преголема, но тој е подготвен да му допушти на секој заинтересиран научник да го проучи примерокот.

(32)

Вашиот коментар