Јапонска компанија со есктра денови за одмор за оние кои не се пушачи

 
 

Јапонската компанија им дава на своите вработени непушачи уште шест дена одмор годишно со цел да ги надоместат пушачите за паузите кои ги правелел додека биле на цигара. Маркетинг фирмата Piala Inc го претстави новиот систем за платено отсуство во септември, откако непушачите се пожалија дека работеле повеќе од нивните колеги кои пушеле.

Овој предлог дошол од страна на вработените непушачи кои се пожалиле дека пушачите помалку работеле. Следејќи го предлогот, извршниот директор на компанијата Такао Асука одлучи да им даде дополнително време на непушачите за да се надомести.

Ова прашање е сфатено сериозно од страна на компанијата со седиште во Токио, која, според наводите, се наоѓа на 29-тиот кат на канцеларискиот блок – паузата за цигари трае најмалку 15 минути, според персоналот.

Напорите за намалување на бројот на пушачи и наметнување посилни прописи за спречување на пушењето се забележани низ Јапонија во последниве месеци. Во јули гувернерот на Токио, Јурико Којке, планира да воведе забрана за пушење на јавни места во главниот град на Јапонија пред Летните олимписки игри 2020.

Но, предлогот, најверојатно, ќе наиде на силно противење од политичарите за пробивање на пушењето, рестораните и производството на гигантот Japan Tobacco. Светската здравствена организација ја рангира Јапонија на дното од листата во прописите против пушењето.

(44)

Вашиот коментар