Шокантно видео беше објавено вчера на интернет во Турција, кое било прегледано стотици илјади пати и станало најгледаното видео за толку кусо време.
Имено, еден турски брачен пар останале вчудовидени кога ги престигнало едно комбе, а на задниот дел виделе девојче врзано како багаж.
Откако снимката била објавена на интернет и се покренала неверојатна бура во јавноста, се огласил 22 годишниот брат на девојчето, кој рекол дека не е така како што изгледа на прв поглед.
Имено, тој објаснувал дека таткото само и ја исполнувал желбата на својата ќерка, а така ја возел, врзана за помошниот дел за велосипеди, ,,само“ 400 метри.
Но, турската полиција веднаш го лоцирала по регистарските таблички и го привела на разговор.
Сѐ уште нема информации дали ќе биде покрената некаква пријава против таткото за загрозување на безбедноста на девојчето.
(298)