Данката Маја Грунлунд десет часови била заробена во солариум кога капакот се затворил а таа останала внатре. За среќа, таа останала без сериозни последици, а потоа детално ја раскажа нејзината грда приказна.
„Доцна вечер беше. Се слушна удар. Се исплашив. Сакав да го кренам капакот, но не можев да го поместам. За среќа, светлината се изгасна, инаку ќе изгорев. Лежев заробена во солариумот и се чувствував како да сум жива погребана“, рекла Меј.
Нејзиното момче Каспер се загрижил и се јавил во салонот, но таму немало никој. Тој потоа повикал полиција, но тие му рекле дека не можат да сторат ништо, бидејќи Маја била исчезната само неколку часа. Потрагата по возрасни започнувала само после 24 часа од исчезнувањето.
Каспер дознал од сопственикот на салонот дека жената за чистење доаѓало рано наутро, но не дошла. Каспер ја слушнал својата девојка како вреска од салонот, земал камен и го скршил стаклото. Тој ја ослободил Маја, која била толку психички растроена што била однесена на психијатрија.

„Најмногу се плашев да не се задушам“, вели Маја.
(200)