Ја силувал очувот, му родила дете, па завршила во затвор

 
 

Жртва на силување, 20 годишната Имелда Кортез од Ел Салвадор се соочува со 20 години затвор, откако родиле девојче од нејзиниот очув – силувач.

Драмата почнала во април минатата година, кога мајката на Имелда ја нашла во крв во купатилото и ја однела на доктор. Таму утврдиле дека девојката сакала да направи абортус и повикале полиција.

Бебето било родено живот и здраво, но девојката од тогаш е воп притвор. Не помогнало ни докажувањето дека ја силувал 70 годишниот очув и тоа со години. Била силувана уште од 12 годишна возраст, а во полицијата признала дека не знаела за бременоста.

Иако бебето преживеало, Имелда била задржана во протвор без можност да излезе на слобода со кауција. Само поради тоа што во Ел Салвадор абортусот е кривично дело.

Ималеда се соочува со 20 годишна затворска казна. Нејзината адвокатка вели дека државата во овој , како и во многу други слични случаи не го признава правото на жрвата , додека случајот на Имелда е најдрастичен досега.

Додека Имелда е во притвир, а потоа и во затвор со децении, нејзиниот очув не е ниту осомничен за силување малолетничка.

Судењето на Имелда почна вчера, а од породувањето во април минатата година е во притвор. Додека лежела во болница веднаш по породувањето, дошол очувот и и рекол дека ќе ја убие и неа и мајка и ако каже дека ја силувал.

Но , по направената ДНК и доказот дека бебето е на очувот, сепак Ималеда нема шанса да излезе од затвор.

(142)

Вашиот коментар