Џабе умирачка, пак ќе си лежи во затвор…

 
 

Американски робијаш умира накратко, во клиничка смрт, по што го враќаат во живот. Сега тврди дека со тоа ја отслужил доживотната казна затвор. Има логика. ама не наиде на разбирање кај судиите.

Што значи да комплетираш доживотна казна атвор? Еден американски затвореник тврди дека го има направено токму тоа со самиот факт што пред неколку години на кратко се нашол во состојба на клиничка смрт.

66 годишниот Бенџамин Шрајбер со ваков наратив дошол до апелациониот суд во Ајова и побарал да му биде дозволено да го продолжи овој живот слободен, бидејќи животот кој бил осуден да го мине зад решетки веќе го дал со неговата кратка клиничка смрт во 2015. Со тоа, тврди Шрајбер, целосно ја извршил обврската кон државата.

Тројцата апелациони судии го отфикариле најладнокравно во свет:

„Господинот Шрајбер или сè уште е жив во кој случај мора да остане во затвор, или пак е мртов со што ова барање е беспредметно,“ гласи нивната контра на барањето на американскиот Итар Пејо.

Ама па, добро што пробал, што може да изгуби?

(253)

Вашиот коментар