Џек Ма започнува нов бизнис, отвара училиште на мудрост

 
 

По напуштањето на директорската позиција во Алибаба, Џек Ма, најбогатиот човек во Кина, отвора училишта за да ги научи децата на мудрост. Џек Ма веќе некое време го најавува својот едукативен проект и сега формира градинки, основни и средни училишта.

Изминативе пет години, тој работи со рурални наставници и развива систем што ќе му помогне да ги идентификува „вистинските“ водачи, инспирирани од различни образовни системи, од американскиот до оној во антички Рим.

Џек Ма влезе во светот на најуспешните, но и единствениот поранешен учител кој планира да финансира образовни реформи со свои пари.

-До педесеттите години, заработувате пари, а после педесеттите години, ги трошите на други затоа што не можете сами да ги потрошите, вели најбогатиот Кинез и еден од најбогатите луѓе во светот денес, чие богатство се проценува на 38 милијарди долари.

Џек Ма сака да инвестира пари за подобрување и промена на системот за образование во Кина, наместо да им ги дава на инвеститорите и банките.

(29)

Вашиот коментар