Џејми Оливер не успеа сo рестораните, но сепак си исплати милиони

 
 

Повеќе од 1.000 негови поранешни вработени ги загубија своите работни места, а рестораните на најпознатиот ТВ-готвач од 21 век беа затворени минатата година.

Сепак, Џејми Оливер (44) си исплати повеќе од 4,4 милиони фунти бонус, пишува британски „Гардијан“.

Славниот готвач нема да го почувствува премногу финансискиот колапс иако остана без 20-ина ресторани. Аналитичарите сметаат дека тоа се случило поради преголемите трошоци и промашениот концепт, а Оливер прогласи личен банкрот.

Покрај финансиски, Оливер го погоди и на човечко ниво уништувањето на добар дел од неговиот бизнис . Со голем број од вработените работел многу години и минувал низ трнливиот пат, а при затворањето и испраќањето на пазарот на трудот им се обратил со емотивен имејл.

„Не можам физички да бидам со вас во моментот, но сакав да им се заблагодарам на сите што ги вложивте срцето и душата во нашите ресторани. Нашите прехранбени стандарди секогаш нè издвојуваа од конкуренцијата и има на што да се гордеете“, ги охрабрил тој поранешните вработени.

(378)

Вашиот коментар