Toa било барањето на пензиониран Холанѓанец , кој смета дека е дисктиминиран на пазарот на труд и на љубовен план , па решил со закон да му вратат 20 години од животот и да го прогласат дека има 49 години. холандскиот правен систем прв пат се соочува со вакво бизарно , но сериозно барање на Емил Рателбанд , кое ги зачуди судиите од судот во Арнхем , на југот на земјата.
Рателбанд барал во пасошот да му се смени датумот на раѓање и наместо на 11 февруари 1949 да се запише дека е роден 11 февруари 1969.
,, Се чувствувам млад , здрав и силен и сакам тоа со закон да ми се признае, бидејќи се чувствувам понижен , повреден и старосно дискриминиран.” , им рекол Рателбанд на судиите кој работи како личен тренер , специјализиран за развој на самосвест.
Тој рекол дека неговото барање е легитимно , исто како на оние кои бараат во пасошот да им се напише дека се припадници на трет пол.
,,Денеска можеме да избираме работа, политичка или сексуална ориентација. Имаме право и да го смениме презимето. Зошто тогаш немаме право да ја смениме старосната граница.” , ги прашал Рателбанд судиите.
Тој своето барање го поткрепил и со медицинска документација , во која докторот проценил дека телото му е физички старо на возраст од 40 до 45 години.
Судот во Арнхем одлуката треба да ја изрече во рок од четири недели.
(387)
[…] мотивациски говорник Емил Рателбан можеби се чувствува како 49-годишен, но според холандскиот закон, тој сè уште е на возраст […]