81-годишна жена живее сама на изолиран остров за кој не се знае чиј е

 
 

81-годишна старица по смртта на нејзиниот сопруг живее сама на изолиран остров, за кој водат спор две земји и не се знае чиј е. Во 1991 година Ким Син-јеол и нејзиниот сопруг донеле необична одлука да се иселат на изолирани острови кои се наоѓале на средиштето на кавгата меѓу Јапонија и Јужна Кореја околу тоа на кого му припаѓаат.

„Во моментов под Сеул, островот Докдо се наоѓа во Источното Море”, велат од Јужна Кореја, додека Јапонија островите ги нарекува Такешима и тврди дека тие се во Јапонското Море.

Со години овој брачен пар бил единствениот кој живеел таму. Повремено поминувала полицијата, работници во светилникот или  туристи, но само двајца луѓе останувале да живеат постојано на островот. Кога времето било лошо, островите со недели биле отцепени од надворешниот свет, но брачниот пар успеал да преживее со риболов. Ким, која е по потекло од островот Јеју, со години нуркала, рибарела и собирала школки.

Но, откако ѝ се нарушило здравјето во 2017 година,  престанала со рибилов. Минатиот октомври починал нејзиниот маж, па 81-годишната жена останала да живее сама на вулканскиот остров. И покрај загубата, таа не  планира да се пресели од островот.

„Таа вели дека ја релаксира животот на островот Докдо, дека таму има мир”, вели нејзиниот зет Ким Кјунг-чул.

Иако се далеку од двете земји кои се спорат околу сопственоста на островите, тие географски се поблиску до корејското копно отколку до Јапонија и се честа дестинација за туристи од Кореја.

Ким моментално живее со ќерката Ким Јин-хе во градот Поханг, на брегот на полуостровот, додека не заврши реновирањето на нејзиниот скромен дом на островот. Има и други лица коишто покажале интерес да се преселат на островите за да покажат дека ,,тоа е Кореја”, но државата тврди дека нема планови  да  потикне населување на островите.

„Постои простор само за едно домаќинство, а тоа е пополнето”, велат тие. Но, со оглед на нарушеното здравје на Ким, нејзината ќерка и зетот планираат да се пријават за постојани жители на островот и да живеат со неа.

(76)

Вашиот коментар