Морган Гијо од францускиот град Нант купила куќа за едно евро во градот Музомели на Сицилија.
Оваа куќа ја земале со цел да им биде „втор дом“, и не губеле време, веднаш почнале да ги реновираат 50-те квадрати простор.
„Ни остана само уште бањата за реновирање, а бидејќи сме уметнички типови и занаетчии, сами ги завршивме повеќето работи. Убаво е да се види како нашата историска двособна куќа повторно оживеа, а најголем адут е панорамската тераса од 15 квадрати“, вели таа.
Куќата ќе ја користи со сопругот и двете деца да одмораат за празници.
Им се допаднало тоа што куќите се нудат по ниски цени, за разлика од скапиот француски пазар на недвижнини.
Градот не е изолиран за разлика од другите села на Сицилија и тоа го смета за предност.
„Едноставно е одлично, и добро е што немавме никакви непријатни изненадувања“, додава Французинката.
Иако се млади, се надеваат со сопругот дека оваа куќа ќе им користи за одмор и кога ќе влезат во пензија.
(280)