Се пожалил на болки во стомакот, хирурзите извадиле 7 кг. метал и ѓубре

Хирурзи кои третирале маж со сомнеж за труење од храна биле шокирани кога откриле 263 монети и 100 клинци во стомакот на пациентот.

Максуд Кан (35) бил примен во болница со абдоминални болки, а докторите по изведената ендоскопија се шокирале кога пронашле стотици монети, 1,5 килограми клинци, десетици жилети за бричење, парчиња од стакло, камења и парче рѓосано железно оковче.

Хирурзите во болницата Санџа Ганди, во Индија, веднаш се фрлиле на работа и отстраниле 7 килограми туѓи предмети од стомакот на пациентот.

 
 

Најверојатно г-дин Кан страда од проблеми со менталното здравје и не го информирал своето семејство или пријатели за бизарните навики во исхраната.

“Бевме шокирани да кога ги откривме монетите, клинците и завртките во неговиот стомак. Ние за прв пат во нашата кариера се среќаваме со ваков бизарен случај.

“Овој човек изгледа ментално нестабилен, бидејќи ниеден нормален човек не би направил такво нешто” – изјавил Д-р Пријанк Шарма, кој го предводел хируршкиот тим.

  
 

Според лекарите, г-динот Кан работел како таксист и честопати ги проголтувал ситните пари кои му ги давале странките.

Тој се жалел на болки во стомакот цели три месеци, а роднините велат дека тој влегол во депресија и можеби затоа се “навлекол“ на јадење метални предмети.

Монетите и клинците никогаш не предизвикале болка или проблем првично. “Операцијата беше извршена во последен момент откако некои од клинците го прободеле стомакот, предизвикале внатрешно крварење и резултирало со губење на хемоглобинот”, изјавил друг лекар кој работел на Кан.

loading...

Кан, сега за сега е надвор од животна опасност и ветил дека нема повторно да злоупотребува метални предмети.

(270)

Вашиот коментар