Ветришта во Дубровник носат човек (Вознемирувачко видео)

 
 

,,Бурата на векот”, како што го нарекуваат вчерашното невреме во регионот, носеше се пред себе.

Силните, до сега незапаметени ветришта носеа дрвја, покриви, фасади, киосци, перевртуваа јахти. Во силната бура во БиХ се повредени шест лица, од кои еден тешко.

Во Дубровник, пак се случуваше вистинска драма во центарот на градот. Ветрот буквално го збриша и со голема сила човекот удри со главата во ѕид.

Минувач му помогна да се подигне и го внесе во ресторанот, чии безбедносни камери го снимија страшниот инцидент.

(847)

Вашиот коментар