Видео кое го запали Балканот: Хрватски професор со детски хор ја изведе „Боемска рапсодија“

 
 

Вараждинскиот професор во музичко училиште Томислав Цвртила со Детскиот хор ја извел „Боемска рапсодија“ на бендот „Квин“ на концерт.

Но, тоа не би било ништо необично доколку притоа не се маскирал во Фреди Меркјури. Со тоа уште повеќе ја доловил атмосферата на својот проштален концерт.

Снимката од настапот на хрватскиот професор стана хит на социјалните мрежи.

„Се надевам дека не ме снимиле, но јас плачев на ова… има надеж за нашите деца“, напишала една корисничка на Фејсбук, додека друга додала:

„Браво! И за професорот и за децата. Феноменални се.“

ФОТО: Принтскрин/Фејсбук

(125)

Вашиот коментар