Видео кое го шокираше светот: Мајка го извлекла детето од тркалата на шлеперот кој возел директно кон нив

 
 

Камерите снимиле несреќа во Виетнам, кога едно дете за малку ќе било прегазено од шлепер.

Имено, во оваа земја е вообичаено целото семејство да се вози на скутер – мајка, татко и дете, и тоа често без кациги. Скутерот со кој се возело семејството имало лесен контакт со автомобил, а во тој момент мајката и детето паднале од скутерот токму кога се разминувале со еден шлепер.

Брзата реакција на мајката ги остави сите без здив. Жената во моментот се снашла и со своето тело го заштитила детето, оттргнувајќи го од тркалата на шлеперот.

(148)

Вашиот коментар