Како ли стои на нозе!? Со нож во грбот излезе да испуши цигара на -10°C

Русија е одговорна за повеќе од половина од сите вирални видеа на интернет, а во најновиот „хит“ еден руски пациент по име Владимир им ја покажа на сите неговата „машкост“, откако не можеше да издржи без цигара, па реши да излезе од болницата во која се наоѓаше поради тоа што имаше забиено нож во неговиот грб.

Владимир се здобил со повреди во тепачка во локален бар, каде додека бил пијан некој го прободел со нож. Тој им кажа на докторите дека има некоја работа, а потоа излезе надвор на температура од -10°C, додека ножот му беше забиен во грбот. И сето тоа за што? За да испуши цигара, се разбира.

Докторите од болницата во Казан потврдија дека Владимир се оперирал и сега е во безбедна состојба.

 
 

(42)

Вашиот коментар