Мито е Тито: Фан го истетовирал ликот на градоначалникот на Кавадарци

 
 

Под тетоважата на овој Кавадарчанец стои пораката – “Мито е Тито”.

Денес на Фејсбук се појави едно видео, кое за нешто помалку од 10 часа било прегледано околу 3.300 пати.

На видеото може да се види еден фан на градоначалникот на Кавадарци Митко Јанчев, кој го истетовирал неговиот лик на својата нога.

Под портретот е напишано “Мито е Тито”, а видеото е споделено 9 пати.

Ова не е прв пат некој да се пофали со тетоважа од македонски политичар. Досега видовме и тетоважи од Никола Груевски и Сашо Мијалков.

(439)

Вашиот коментар