Погледнете како храбрата жена го спасила детето од крволочните кучиња (вознемирувачко видео)

 
 

Мухамед Ехаб го нападнале две крволочни кучиња во главниот град на Египет, Каиро.

Снимката на безбедносните камери прикажува како детето стои со пријателите и неколку секунди подоцна почнуваат да бегаат откако ги здогледале кучињата.

За жал, кучињата го стигнале Мухамед и почнале да го напаѓаат. Тогаш се појавиле две жени во кадарот. Непознатата жена скокнала пред детето за да го заштити, а другата жена, за која се верува дека е сопственик на едно кучињата, го фатила кучето за опашка.

Детето е пренесено во болница со сериозни повреди. Родителите покренале тужба против сопственичката на кучето.

Како тоа изгледало погледнете во видеото.

(174)

Вашиот коментар