Неверојатен инцидент се случи за време на шетањето низ една од најопасните туристички патеки на светот, откако еден турист одлучил да ја откачи својата безбедносна опрема и да се фрли во бездната.
Кинеската планина Хуашан е позната по атракцијата наречена „најопасното шетање“ кое што се состои од чекорење по патека од даски широка едвај половина метар, со помош на алпинистичка опрема, низ вертикална карпа во која што се поставени безбедносни сајли.
Еден од туристите е снимен од безбедносните камери како свесно ја откачува опремата и скока во бездната длабока 2 илјади метри.
Инцидентот се случил на 24-ти јули, а локалните власти објавија дека отвориле истрага за необичното самоубиство. Кинеските власти одбиле да го откријат идентитетот на лицето кое што си го одзеде животот во јавност додека истрагата трае.
Tourist suspected of committing suicide by plunging off cliff at China’s Mount Huashan https://t.co/J6x0QIl0pd pic.twitter.com/Db8SbhLOxC
— China News 中国新闻网 (@Echinanews) July 27, 2018
(2037)