Три мечки си ги ризикуваат животите да спасат младенче удрено од автомобил

 
 

Три мечки си ги ризикуваа сопствените животи , за да извлечат мало мече , повредено од автомобил на фреквентен автопат во Флорида.

Снимката, направена во америанската држава  Флорида, прикажува мече кое се тетерави  по патот, откако било удрено од автомобил.

Кога останало да лежи  на патот, по него дошла возрасна мечка, која го зафатила за вратот со забите и го влечкала до работ на патот. Потоа се појавија уште две мечки, кои го одвлекоа мечето подалеку од  сообраќајницата.

За жал, според Здружението за заштита на животните од Флорида, младенчето подоцна починало.

“Срцето ми се кинеше кога го видов. Да се биде мајка и да го видиш бебето прегазено на патот. Без разлика дали станува збор за мечка или човек, толку е тажно. Луѓето треба да гледаат додека возат ноќе.” напиша Лиша ДеСеј, која го снимила видеото.

(236)

Вашиот коментар