Брза и евтина воздушеста пита

 
 

Брзо и лесно подгответе вкусна воздушеста пита.

СОСТОЈКИ:

  • 600 гр готови дебели кори
  • 600 гр компири
  • 1 праз
  • 150 мл масло
  • 100 мл кисела вода
  • сол
  • бибер

НАЧИН НА ПОДГОТОВКА:

  1. Компирите излупете ги и изрендајте ги на крупно, па оставете ги да се исцедат. Празот, и белиот и зелениот дел, ситно исечкајте го и пропржете го на масло. Додајте изрендани компири и многу кратко динстајте заедно со празот, додајте сол и 2 лажици бибер
  2. Земете 2 кори, пропрскајте ги со кисела вода и премачкајте ги со малку масло па преку нанесете фил од компири. Корите потоа свиткајте ги и ставете ги во плех. Постапката повторете ја и со останатите кори и филот.
  3. Свитканите кори наредете ги во намастен плех една до друга и печете ги 35 минути на 200 степени.

Добар апетит!

(94)

Вашиот коментар