Брза пита со шунка и сирење

 
 

Скоро и да нема наш човек кој не ужива во пита, а безбројните рецепти за ова популарно јадење ќе ги најдете во секое село различни. Овој пат, ви предлагаме брза пита со шунка и сирење.

Состав
– 400 г брашно
– 1 коцка свеж квасец
– 3 супени лажици масло за готвење
– 300 г сирење (издробено)
– 250 г шунка (ситно сечкана)
– 70 мл млеко
– 150 мл кисела вода
– 80 г маргарин
– малку сол, црн пипер

Подготовка
1. Во поголем длабок сад го ставаме брашното, додаваме квасецот и посолуваме. Во истиот садот ги додаваме исечканата шунка, киселата вода, млекото и маслото.Месиме се додека не добиеме фино тесто.

2. Тестото го оставаме да нарасне и да се одмори барем половина час.10 топчиња тесто

3. На набрашнета работна маса го размесуваме тестото и го сечеме на 10 еднакви дела.

4. Од секое парче тесто формираме топче. Од секое топче, со сукало, развлекуваме кора. Кората ја премачкуваме со растопен маргарин.

5. Врз кората нанесуваме дробено сирење. Врз сирењето ја ставаме втората кора.

6. Постапката ја повторуваме со сите топчиња тесто, а последната кора ја мачкаме само со маргарин.

7. Целото филувано тесто, со сукало, го развлекуваме во една поголема кора.

8. Тркалезната тава ја попрскуваме со растопен маргарин и ја ставаме питата во тавата. По желба, наросуваме со сусам и ким.

9. Печеме 30 минути на температура од 200 степени. Ја вадиме тавата од рерна, ја сечеме и сервираме. Добар апетит.

(84)

Вашиот коментар