Ванилици со мармелад

Рецепт за слатките колачиња кои никогаш не излегоа од мода…

Потребно Ви е:
– 250 грама путер,
– 500 грама брашно,
– 1 жолчка,
– 1 цело јајце,
– 4 лажици шеќер,
– сок од еден лимон.

Останати состојќи:
– 1 изматена белка за макање,
– ореви за наросување пред печењето на ванилици,
– мармелад за спојување,
– шеќер во прав измешан со ванилин шеќер.

Подготовка:
Убаво изматете го путерот, додадете ги јајцата, шеќерот исок од еден лимон. Додадете брашно и замесете. Развијте го тестото на 1/2cm дебелина. Со калап за ванилици вадете ги крукчињата, секоје мачкајте во снег од белка, наросете со ореви и секоје круче се реди во тавче за печење. Ванилици се печат во подмачкано тавче на 200 степени. Внимавајте да останат бели. Печени крукчиња се спојуваат со мармелад и се наросуваат во шеќер во прав и ванила.

 
 

Крв да ви се стори!

(30)

  
 

Вашиот коментар