Вегетаријански плескавици од печурки

 
 

Ако сте вегетаријанец или барем се обидувате да се храните малку поздраво, сигурно често пати немате идеја што да подготвите за ручек.

Овој вкусен и лесен рецепт за плескавица од печурки е готов за половина час, а е хранлив и здрав оброк кој може да го послужите со компири, свежа салата и сос по желба.

Потребни состојки за подготовка:
– 4 лажици маслиново масло
– 500g свежи сечкани печурки
– 1 мал кромид
– 180g мелен овес
– 125g рендан кашкавал
– 200g презла
– 2 јајца
– Сол, бибер и зачини по желба

Подготовка:
Исечете го кромидот на коцки и пропржете го на маслиново масло. Додајте ги печурките и динстајте додека водата не испари. Во меѓувреме додајте зачини по желба.

Во пржените печурки додајте ги овесот и презлата, зачинете и посолете по желба. Помешајте ги состојките, па додајте го ренданиот кашкавал. Повторно промешајте, па додадете ги и јајцата.

Мешајте додека не добиете густа, леплива смеса.

vikend-rucek-vegetarijanski-pleskavici-od-pecurki-02.jpg

Ставете малку масло на рацете, направете плескавици и пржете ги на маслиново масло.

vikend-rucek-vegetarijanski-pleskavici-od-pecurki-03.jpg

Послужете ги во чинија, со свежа салата или во лепче како здрав хамбургер.

На здравје!

(65)

Вашиот коментар