Вкусни сарми од блитва

 
 

Едноставен рецепт за вкусни сарми од блитва.

СОСТОЈКИ:

  • 2 вези блитва
  • 500 гр свежо сирење
  • 150 гр сланина Пекабеско
  • 1 јајце
  • павлака за готвење
  • сол
  • бибер
  • 2 чешниња лук

НАЧИН НА ПОДГОТОВКА:

  1. Отстранете го задебелениот дел од блитвата, па кратко бланширајте ги листовите. Извадете ги од вода и раширете ги на послужавник, за да се изладат.
  2. Во сирењето додајте ситно сечкана сланина и лук, сол, бибер и јајце, па добро измешајте. По желба можете да додадете и лажица пченкарно брашно.
  3. Филувајте ги листовите блитва со смеса од сирење (наредете по две за една сарма), па ставете ги во намастен огноотпорен сад.
  4. Во павлаката за готвење разматете малку сол, па со тоа прелијте ги наредените сарми и печете во рерна загреана на 180 степени, околу 45 минути.

Добар апетит!

(124)

Вашиот коментар